Огромно беше незадоволството кај навивачите на Црвена Звезда по поразот од Жалгирис, а повеќе од јасно е дека вината не беше барана во сопствените редови, туку кај судиите.
„Црвено-белите“ приврзаници беа бесни на намерната лична грешка на Јаго и недосуденото газење на линијата од Кинан Еванс, Жалгирис на крајот стигна до минимален триумф, а „Делије“ се погрижија арбитрите долго да го паметат овој меч, откако фрлаа со бројни тврди предмети кон нив додека се упатуваа кон тунелот и соблекувалните.
Српската телевизија „Спортклуб“ објави видео од овие моменти по завршувањето на натпреварот, за кои Црвена Звезда сигурно ќе биде жестоко казнета од Евролигата…
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА