Фудбалерите на Осасуна приредија големо изненадување во Ла Лига, совладувајќи го лидерот Реал Мадрид со 2-1 на стадионот „Ел Садар“ во Памплона. Феноменалниот гол во 90. минута на Раул Гарсија донесе триумф за домаќините по голот на Винициус Жуниор за израмнување.
Сепак, по натпреварот вниманието во Шпанија повеќе беше насочено кон хаосот меѓу навивачите и полицијата отколку кон резултатот. Сè започна уште за време на мечот кога од јужната трибина беше фрлена мало пластично шише кон голманот на Реал, Тибо Куртоа. Белгиецот го подигна предметот и му го предаде на судијата, кој преку разглас упати последно предупредување до навивачите. По последниот свиреж, приватното обезбедување на стадионот заедно со националната полиција се обиде да го идентификува и приведе фанот одговорен за фрлањето. Тоа предизвика револт кај навивачите на јужната трибина, па ситуацијата ескалира во физички судир.
Полицијата изврши интервенција, што доведе до паника, трчање низ коридорите, двајца приведени и двајца повредени навивачи (еден од нив се онесвести по судир со ѕидот додека бегал) .Клубот Осасуна издаде соопштение во кое изрази жалење за сцените на паника и влијанието врз членовите што го напуштале стадионот во прослава, најавувајќи внатрешна истрага. Овој инцидент повторно ги отвори прашањата за безбедноста на стадионите и однесувањето на дел од навивачите во шпанскиот фудбал.
21.02.2026🇪🇸Osasuna fighting with 1312 during the match against Real Madrid, click here for more: https://t.co/6n8Ojddabx
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/FXnrFRp1rX pic.twitter.com/IFLbHzWNQB— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) February 21, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

