Хаос пред финалето: Навивачи без билети го минаа обезбедувањето и влегоа на „Вембли“ (видео)

Англиските навивачи продолжуваат да прават проблеми на неколку часа пред почетокот на големото финале на ЕВРО 2020. Приврзаниците на „гордиот албион“ најпрвин се истепаа меѓусебе пред стадионот „Вембли“, за дел од нив да направат нов инцидент – без билети да влезат на стадионот.

Британските медиуми објавија видео како десетици фанови успеваат да ја пробијат заштитната ограда,  а потоа дел од нив му бегаат на обезбедувањето и се качуваат по скалите кон трибинскиот простор на „Вембли“.

Повеќе од сигурно е дека тие ќе бидат отстранети од трибините, но јасно е дека Англичаните се подготвени на најразлични лудости да се обидат да бидат дел од овој историски настан – прво финале на „гордиот албион“ на европските шампионати.

Се вчитува...