Хаос со четири црвени картони во Кавадарци: За вршење физиолошка потреба среде терен и за бркање полицајци по терен!

Вистински хаос се случи на натпреварот меѓу Тиквеш и Гостивар во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тензиите на теренот беа „крунисани“ со десет жолти картони, но и црвен картон за хрватскиот интернационалец Филип Михаљевиќ кој беше исклучен во 65. минута од средбата.

Причината е навистина бизарна. Според официјалниот записник станува збор за неспортско однесување на Михаљевиќ – вршење на физиолошка потреба на теренот во време на игра!!!

 

Интересно било и по крајот на мечот бидејќи помошниот тренер на Гостивар, Мурат Акјуз поради напад на полицајци добил црвен картон. Црвени картони им се доделени и на Деан Смилевски од Тиквеш и за Ерхан Кушкапан.

 

Се вчитува...