Ширењето на коронавирусот предизвика сериозен проблем во кошаркарскиот Еврокуп, откако турските власти донесоа одлука да ги забрани сите летови од Италија, оневозможувајќи тимот на Виртус Болоња да допатува за пресметка со Дарушафака.
Овој меч директно ќе решава за патникот во четвртфиналето, италијанскиот клуб реагирал до раководството на Евролигата (која е организатор и на Еврокупот), но одговорот што го добил од официјалните лица бил изненадувачки – закана за казна за Виртус доколку не се појави на теренот.
„Имаме сериозен проблем со Виртус, оваа екипа мора да игра во Турција в среда. Имено, клубот не може да патува бидејќи турските власти ги укинаа летовите, но пораката од Евролигата порача дека тоа не е нивни проблем и дека Виртус ќе го загуби мечот ако не се појави на терен. Тие луѓе не се разбираат од спорт, во моментов не гледаме решение за проблемот“, изјави претседателот на Италијанската Кошаркарска Федерација, Џани Петручи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА