Хаос уште во првото коло: Фер-плеј, што беше тоа, заборавија од Барселона

Првото коло од новата сезона во Ла Лига веќе донесе огромна бура, по контроверзниот гол со кој Барселона поведе со 0-2 на гостувањето против Мајорка.

Се почна од силен удар на Јамал кој заврши во главата на еден дефанзивец на Мајорка, кој остана како покосен да лежи на теренот. За иронијата да е уште поголема, судијата веднаш го стави свирчето во уста, но реши да почека и да не свирне додека домашниот играч лежеше. Во тие неколку секунди топката дојде до Феран Торес, кој со мајсторски удар од работ на шеснаесетникот ја смести во мрежата,

Залудни беа поплаките од домашниот табор, судијата направи очигледна грешка што не ја запре играта, по што едноставно немаше аргумент да го поништи голот.

А во Барселона, дефинитивно летово имаат заборавено што значи ферплеј…

Спорниот погодок за водство на Барселона од 0-2 на гостувањето во Мајорка можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...