Црвена Звезда најавува можен бојкот на АБА лигата, во знак на револт од изречените казни од страна на Дисциплинската комисија по инцидентите на првиот полуфинален натпревар со црногорскиот Будуќност.
Од раководството на „црвено-белите“ најпрво револтот го насочија кон дисциплинскиот судија Хрвоје Видан притоа истакнувајќи дека не ги прифаќаат изречените казни, а сега најавија и можност за бојкот на лигата и неиграње на, за денеска закажаниот, втор натпревар против Будуќност.
„Кошаркарите на Црвена Звезда би требало во четврток да го играат вториот натпревар од полуфиналето од плејофот на АБА лигата против Будуќност“ – пишува на официјалните профили на Црвена Звезда во најавата за денешниот натпревар.
Српските медиуми пренесуваат дека тоа „би требало“, кое е истакнато во неколку наврати, доволно кажува дека во таборот на Црвена Звезда сериозно се размислува да не се игра денешниот дуел.
Натпреварот е закажан од 20 часот, а Будуќност води со 1-0 во серијата.
Кошаркаши Црвене звезде Меридианбет требало би да одиграју у четвртак другу утакмицу полуфинала плеј офа АБА лиге против Будућности из Подгорице.
Наш тим ће и за овај дуел бити значајно ослабљен, а поред већ одсутних и кажњених, дисциплински судија АБА лиге Хрвоје Видан планирао… pic.twitter.com/pgXXvQ9IcP
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) May 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

