Хаос во арапскиот куп – Катар израмни во 97. минута, Алжир победи со гол од пенал во 106 (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Катар и Алжир во полуфиналето од арапскиот куп. Алжирците на крајот се радуваа на победата, но судиското продолжение во второто полувреме беше лудо.

Главниот судија на мечот покажа осум минути продолжение при водство на Алжир од 0-1. Катарците во 97. минута преку Мунтари успеаја да израмнат, но поради големата пауза натпреварот се играше уште неверојатни 11 минути. Во 106. минута беше досуден пенал за Алжир кој Белаи прво го промаши, но топката се одби директно кај него и на крајот сепак успеа да донесе голема радост за својата репрезентација.

Во финалето Алжир ќе се сретне со Тунис кој со 1-0 беше подобар од Египет.

Се вчитува...