Атмосферата во таборот на Атлетико Мадрид сериозно беше нарушена на утринскиот тренинг, откако Диего Коста се појави во тренинг-кампот, но одби да работи со остатокот од екипата.
Мадридските медиуми јавуваат дека голгетерот не дал никакво објаснување за ваквиот однос, ниту пак се пожалил на повреда, со што дополнително го изнервирал тренерот Диего Симеоне. Аргентинецот ионака не сметаше сериозно на Коста во поголем дел од сезонава, неговата минутажа уште повеќе се намали со доаѓањето на Мората, па фрустрациите на поранешниот фудбалер на Челси уште повеќе се зголемија во изминатиот период.
Шпанските медиуми тврдат дека ваквиот однос на Коста е само најава за негов летен трансфер, најверојатно во Кина каде неколку клубови се подготвени да платат 40 милиони евра за да го доведат голгетерот во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА