Хаос во Австралија – Голем инцидент на дербито на Мелбурн, голманот на Сити повреден (ВИДЕО)

Шокатни сцени доаѓаат од фудбалската лига на Австралија. На дербито помеѓу Мелбурн Сити и Мелбурн Виктори во првиот дел, при резултат 1-0 за Сити, навивачите влегоа во теренот и почнаа да прават неред.

Имено навивачите на двата тима незадоволни поради тоа што финалниот меч место во Мелбурн од оваа сезона ќе се игра во Сиднеј се решија својот револт да го покажат со правење вистински хаос на стадионот.

Да биде прблемот уште поголем, еден од нив зеде кофа и со сета сила го удри голманот Томас Гловер.

 

Се вчитува...