Хаос во Барселона по секоја репрезентативна пауза… Флик ги загуби нервите!

Минатата сезона, Барселона успеа да освои сè што можеше во Шпанија, па целта на Каталонците оваа сезона е да се обидат да го освојат трофејот во Лигата на шампионите, на што чекаат десет години. Сепак, иако Барселона ја отвори новата сезона добро, работите не одат онака како што замислуваше Ханси Флик.

Најголемиот проблем се честите повреди на играчите на Барселона и на оние кои се главни играчи во овој тим. И оваа репрезентатиивна пауза му донесе лоши вести на Флик, со оглед на тоа што Дани Олмо беше повреден, а фактот дека осум фудбалери се моментално повредени зборува и тоа како за хаосот во кој се наоѓаат Каталонците.

Секако, најголемиот удар беше повредата на Ламине Јамал, кој на натпреварот против ПСЖ ја обнови повредата што го мачеше и го држеше надвор од теренот речиси еден месец. Покрај Јамал, Рафиња е сè уште надвор од теренот, а му се придружи и Роберт Левандовски. Тер Штеген и Гави се надвор од теренот од порано, опоравувајќи се од малку посериозни повреди.

По репрезентативната пауза, Флик е најзагрижен за состојбата на Педри, кој е најдобриот играч на Барселона оваа сезона. Педри изгледа целосно исцрпено бидејќи играше и за Шпанија, па воопшто немаше време за одмор.

Шпански АС пишува дека Флик е фрустриран и многу лут пред сè на својот медицински тим, но и на кондицискиот тренер Хулио Тус, кој ова лето вети дека ќе ги намали повредите на играчите на Барселона за 50%, но се случува токму спротивното.

Минатата сезона сè изгледаше далеку подобро а повредите не ги мачеа толку многу играчите на Барселона, но сега сè се сруши како кула од карти. А никој не може да разбере зошто.

Барселона ќе игра натпревар од Ла Лига против Џирона за три дена, а следниот вторник ќе го пречека Олимпијакос во Лигата на шампионите.

Се вчитува...