Србинки против Хрватки: Брутална тепачка на женско ватерполо

Анимозитетот помеѓу хрватските и српските спортист(к)и не стивнува ниту три децении по распадот на заедничката држава, што најдобро можеше да се види викендов во Унгарија, каде што дојде до голема тепачка на ватерполо меч во Дунавската лига во женска конкуренција помеѓу сплитски Јадран и Војводина.

Атмосферата била наелектризирана од првиот момент, а ситуацијата кулминира кога една од хрватските ватерполистки, Дора Вујевиќ, добила удар во око поради што морала да биде пренесена во болница. Тоа било во жар на борбата, но истовремено и увод на хаосот кој потоа се случи во и надвор од базенот. Набрзо по овој инцидент, по еден посилен дуел, двете противнички ватерполистки почнале да се тепаат, што беше знак и за останатите да се „фатат за коси“. Присутните во базенот во еден момент помислиле дека се наоѓаат на ММА-борба, а не на ватерполо меч.

Без разлика на општиот хаос, судиите пресудиле дека за тепачката биле виновни ватерполистките на Јадран, поради што средбата била регистрирана со службена победа на Војводина (5-0).

 

Се вчитува...