Кога нема нивни меѓусебен судир на фудбалски натпревар, навивачите на Партизан и Црвена Звезда секогаш имаат и резервни варијанти за „средби“.
Вечерва се судрија за време на првенствениот дуел од домашното првенство кој му припадна на Партизан со 78-77.
На почетокот од мечот „Гробарите“ во салата „Пионир“ ги дочекаа гостите со пораката: „Еве ви сега јајца, а к…. ќе добиете за неколку денови“, алудирајќи на фактот дека фудбалскиот клуб Партизан во следното коло се очекува да ја завери шампионската титула.
Потоа следеше и вистински „рафал“ од јајца кон навивачите на Црвена Звезда кои беа гаѓани и со „топовски удари“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА