Хаос во Белград: Кошаркар на Црвена звезда влезе во „клинч“ со навивач што сакаше да ги нападне кошаркарите на Партизан

Кошаркарите на Црвена звезда славеа во првиот натпревар од финалната серија плеј-офот од српската лига над Партизан со минимални 89-88.

По натпреварот неколку навивачи на Црвена звезда сакаа да влезат на теренот, но Лука Митровиќ и Бранко Лазиќ ги спречија во тоа. Митровиќ прво се обиде да разговара со навивачите, а кога еден од нив се обиде да го прегрне и го фати за врат, Митровиќ го турна навивачот назад кон трибините.

Ситуацијата се смири по неколку моменти на напнатост.

 

Се вчитува...