Хаос во Белград: Тајрик Џонс се качи на трибина да се кара со навивачите (видео)

Огромно е незадоволството кај навивачите на Партизан поради катастрофалната сезона на „црно-белите“, а по убедливиот домашен пораз од Макаби за малку ќе дојдеше до огромен инцидент откако Тајрик Џонс се качи на трибината за да се расправа со навивачите кои очигледно го сметаат за еден од најголемите виновници за кризата во тимот.

Американецот беше исвиркуван при самото претставување пред мечот, на теренот одигра сосема просечно, а кога заврши натпреварот со убедлив пораз на Партизан, фановите повторно тргнаа со навреди кон американскиот центар.

Тој бесен се качи на долниот дел од трибината, почна жестока расправа, но за среќа се се заврши вербално, без физички конфликт.

Немилите сцени од „Арена“ во Белград можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...