Хаос во Белград: Жестока тепачка меѓу навивачите на Партизан и Ц. Звезда (ВИДЕО)

Жесток конфликт меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан избувна синоќа во Белград, кој привлече внимание на јавноста откако видео се појави на твитер-профилот „hooligans.cz“.

На видеото се гледаат маскирани млади луѓе како се напаѓаат едни со други, палат факели и користат палки.

Конфликтот траел неколку минута, по што учесниците почнале да бегаат во различни насоки. Немаше официјални информации од надлежните органи, но според објавите на социјалните мрежи, инцидентот го предизвикале навивачите на Ц. Звезда и Партизан.

Оваа локација не е избрана случајно: Котеж традиционално се смета за територија на навивачите на Црвена звезда, додека околните населби Борча и Падињак се познати како силни упоришта на „црно-белите“.

Најверојатно, конфликтот се случил поради близината на териториите на двете навивачки групи.

Се вчитува...