Атмосферата во таборот ан Аталанта е крајно тензична откако најдобриот фудбалер Адебола Лукман влезе во конфликт со управата, поднесувајќи барање за трансфер. Желбата е јасна, нигерискиот крилен офанзивец инсистира да му биде дозволеон да се пресели во Интер откако веќе ги договори личните услови со европскиот вицешампион, но Аталанта останува цврста на ставовите во преговорите со „нероаѕурите“.
Тимот од Бергамо упорно инсистира на отштета од 50 милиоин евра за својот најдобар фудбалер, додека последната понуда на Интер изнесуваше вкупно 45 милиони евра (42 милиони загарантирани плус три милиони поврзани со клаузули). Аталанта го продаде Ретеги за 70 милиони евра и може да си дозволи цврст став во преговорите, но Интер во меѓувреме почна да ја разгледува и опцијата за ангажман на Нкунку од Челси, по што Лукман се реши на радикален потег – поднесувајќи барање за трансфер.
Нигерискиот ас се жали дека клубот сосила го држи не дозволувајќи му да си замине, што сепак не е од голема полза бидејќи само дополнително крева тензија при ионака затегнатите односи.
За очекување е Аталанта да го одби барањето за трансфер, а следниот чекор ќе мора да го повлече Интер, да даде понуда каква што бара тимот од Бергамо или Лукман да не ги смени клупските бои летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

