Хаос во Бразил: Голман одбрани пенал, па изеде ќотек од противниците

Дерби-натпреварите во Бразил секогаш се тензични, но дуелот меѓу младинците на Коринтијанс и Фламенго дефинитивно ги надмина границите на нормалното.

Реваншот меѓу големите ривали заврши 0-0, Фламенго мина во следната рунда поради победата од 2-1 од првиот меч, а во главна улога се најде голманот Соуза. Тој одбрани пенал и беше херој на својата екипа на реваншот, но со самото тоа го навлече бесот на противничките фудбалери.

Додека неговите соиграчи го прославуваа одличниот резултат, Соуза настрада откако беше опкружен од неколку играчи на Коринтијанс, кои најпрвин почнаа да го туркаат, а потоа полетаа и тупаници кон младиот голман.

Се вчитува...