УФЦ борецот Алекс Оливеира заврши во болница откако при напад на него и на членови на неговото семејство бил погоден со шрапнели од граната во гратче во близина на Рио де Жанеиро при прослава на Божиќ.
„Бев во автомобилот на мојата мајка. Ги видов членовите на моето семејство како се расправаат со некого. Откако еден од нив впери пиштол во мојот внук, побрзав да ја расчистам ситуацијата и тогаш беше фрлена граната кон мене. Шрапнели од гранатата завршија во моите нозе, потоа извадија и мачети, пиштоли, но брзо се разбегаа“ – вели Оливеира, кој имал огромна среќа затоа што минал без посериозни последици.
Среќен е, како што вели, што успеал да го спречи можеби и обидот за убиство на членови на неговото семејство.
Алекс Оливеира е еден од најпознатите бразилски УФЦ борци. Во кариерата има 19 победи и шест порази. Пред три недели се бореше против Гунар Нелсон и загуби во втората рунда, а потоа се вратил во Бразил за со семејството ги прослави божиќните празници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА