Хаос во Бразил: Судија со знаменце го тепаше претседателот на Сегипе (ВИДЕО)

Вистинси хаос видовме на крајот од мечот во Купот на Бразил во кој Ботафого го совлада Сегипе со гол во деветтата минута од судиското надополнување. Четвртолигашот имаше предност од 1-0 до 99. минута, а потоа Ботафого по третиот последователен удар од корнер длабоко во судиското надополнување, израмни на 1-1 што беше доволно за поминување во следната рунда, благодарение на правилото според кое подобриот рангираниот клуб во раната фаза на натпреварувањето напредува во случај на нерешен резултат.

Ваквиот развој на ситуацијата доведе до хаос во моментот кога судијата го свиреше последниот свиреж. Претседателот на клубот Сегипеде, Ернан Сена, го нападна линискиот арбитар Браулио да Силва Мачадо, а потоа мораше да го напушти теренот со крвава глава, откако судијата се одбрани удирајќи го со знаменцето во главата.

Исто така беше нападнат и тренерот на Ботафого Луис Кастро. На крајот интервенираше полицијата и судиите безбедно беа изведени од стадионот.

 

Се вчитува...