Хаос во Бразил: Тренер добил отказ откако удрил свој играч

Во бразилскиот гигант Фламенго, се случи инцидент откако Пабло Фернандез, кондициски тренер во клубот добил отказ од раководството по удирањето на својот играч Педро.

Така барем навел играчот на социјалните мрежи, а своите наводи ги пријавил и во полиција, како и на челниците на клубот. Целиот случај се случил по мечот во кој Фламенго како гостин го совлада Атлетико Минеиро со 2-1. Педро низ целиот меч останал на клупата и наводно бил незадоволен поради тоа, а караницата настанала поради негова наводна реакција.

Кондицискиот тренер се извини за инцидентот, а играчот обвини дека добил удар во глава.

Тренер на првиот тим на Фламенго е легендарниот Хорхе Сампаоли, екс селекторот на Аргентина. Инаку ова не бил прв испад на Фернандез, кој учествувал во тепачка и кога бил во стручниот штаб на Сампаоли во Марсеј.

Се вчитува...