Огромен инцидент се случил на паузата меѓу двете полувремиња на дуелот меѓу Чаир и МЗТ Скопје откако кошаркарите на актуелниот шампион биле нападнати од страна на непознати лица на патот кон соблекувалната.
Официјални информации нема, но „металците“ не се појавија на загревање пред второто полувреме и додека нивниот директор беше крај официјалните лица, кошаркарите и членовите на стручниот штаб објавиле дека нема да го доиграат мечот.
Според непотврдените информации од лице место, кошаркарите на МЗТ биле нападнати на патот кон соблекувалната во подтрибинскиот простот. Домаќините се обидоа да ги убедат „металците“мечот да се доигра, но нивниот став делува дециден, па аеродромци речиси сигурно нема да се вратат на терен.
Во моментот на прекинот резултатот гласеше 42-44 за МЗТ Скопје, но наместо да се продолжи со спортска битка на теренот, за жал повторно хаотични сцени оставаат црна дамка на македонската кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА