Црногорските ватерполисти ја победија Хрватска по изведување на пенали со 15-13 во третото коло на Европското првенство.
Во Дубровник беше бурен меч, имаше спорни судиски одлуки кои повеќе одеа на штета на Црна Гора која последните две и пол минути ги играше со играч помалку во базенот.
Искри летаа и по натпреварот, кога црногорските навивачи славеа гол, а мала група револтирани домашни навивачи прво ги навредуваа, а потоа ги нападнаа со намера да се пресметаат, пренесуваат хрватските медиуми.
После тоа, четворица хрватски државјани се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување неред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

