Хаос во Евертон: Биелса кажа „НЕ“, најдобриот фудбалер сака да си замине

На големата криза на Евертон и се заканува уште поголемо продлабочување откако „карамелите“ не успеваат да најдат експресно решение по отказ што му беше врачен на Френк Лампард.

Во меѓувреме, газдата на клубот објави дека го става Евертон на продажба, а првиот „пик“ за нов тренер, Марсело Биелса, ја одби понудата за преселба на „Гудисон Парк“. Екс-менаџерот на Лидс синоќа допатува во Лондон, каде што имаше разговори со управата на Евертон, за на крајот да одлучи дека е подобро се уште да биде без ангажман, откако да се пресели во овој клуб.

За проблемите да се уште подлабоки, најквалитетниот фудбалер на оваа екипа, крилниот офанзивец Ентони Гордон, поднесе барање за трансфер. Њукасл води преговори за ангажман на брозоногиот офанзивец, а откако Евертон ја одби понудата на „црно-белите“, Гордон објави дека нема намера да се врати на тренинзите на тимот вршејќи притисок да добие зелено светло за трансфер.

Главен кандидат за нов тренер на Евертон по одбивањето на Биелса е Шон Дајш, поранешниот стратег на Барнли кој со овој клуб го играше најдефанзивниот фудбал во Премиер-лигата во последните десетина години.

Се вчитува...