Хаос во Феникс: Кошаркарите неколку пати се тепале меѓу себе

Феникс Санс го отпушти тренерот Мајк Баденхолцер по уште една разочарувачка сезона во која не се пласираше во плеј-офот, а се чини дека наскоро ќе останат и без Кевин Дурент.

Последните информации говорат дека има многу поголеми проблеми во Феникс Санс. Како што наведуваат бројни американски медиуми повикувајќи се на информациите на поранешната НБА ѕвезда Демаркус Казинс, оваа сезона во Феникс имало неколку тепачки.

Соиграчите неколку пати се степале со тупаници во изминатата сезона, нешто што барем досега беше скирено од јавноста.

Не се наведува за кои играчи станува збор, но со оглед на темпераментот на Грејсон Ален, Девин Букер, Бредли Бил, Ројс О’Нил голем е изборот на кандидати кои можеле да го направат тоа.

Се вчитува...