Фудбалерите на Фиорентина вчера доживеаја уште еден пораз во Серија А, овој пат на гостински терен против Сасуоло, со 3-1.
Не беше убаво за играчите на Фиорентина по уште еден пораз бидејќи тие и нивните семејства беа на мета од навивачите на клубот за кој играат. Жестоко нападнати со навреди и закани…
Токму поради тоа неизбежно со итно соопштение се огласи и клубот.
„Фиорентина изразува целосна солидарност со играчите и нивните семејства по срамните закани добиени во часовите по поразот против Сасуоло. Овој вид однесување нема место во фудбалот, ниту во кој било дел од нашето општество.Клубот веднаш ги контактираше своите играчи и надлежните органи за да се осигури дека се преземени потребните мерки за безбедноста на играчите, членовите на персоналот, нивните најблиски и погодените семејства“ – информираа од Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

