Хаос во фудбалска Шпанија: Светските шампионки нема да играат додека не си замине претседателот

Во фудбалска Шпанија владее хаос откако претседателот на Фудбалската Федерација, Луис Рубиалес, одби да поднесе оставка по скандалот при прославата на златото на женската селекција на мундијалското финале, кога Рубиалес ја бакна во иста фудбалерката Џеми Хермосо.

Тоа предизвика бура во светската јавност, претседателот накомисијата за женски фудбал во федерацијата веднаш си поднесе оставка, но Рубиалес категорично најави дека нема намера да се повлече жалејќи се дека се креира сценарио и хајка против него.

Целата приказна дополнително зема замав вечерва откако сите членови на шампионската генерација на „црвената фурија“ објавија дека повеќе нема да играат за репрезентацијата додека Рубиалес е прв човек на федерацијата. На писмото се потпишани дури 56 фудбалери, меѓу нив и сите 23 кои стигнаа до златото минатиот викенд, со јасна порака дека нема да отстапат во оваа борба.

Во меѓувреме шпанските власти најавија истрага против Рубиалес кој најверојатно ќе заврши и на суд за своето однесување, па останува да се види до кога тој ќе се обидува да го издржи огромниот притисок и дали ќе се реши да ги смири страстите со заминување од кормилото на шпанскиот фудбал.

Се вчитува...