Хаос во Глазгов: Миовски и Ренџерс загубија од Селтик, па навивачи влетаа во терен (ВИДЕО)

Денешното дерби во шкотскиот ФА Куп меѓу Глазгов Ренџерс и Селтик на стадионот „Ајброкс“ заврши без голови по 120 минути игра (0-0), но „келтите“ се пласираа во полуфиналето откако славеа со 4-2 во изведувањето на пенали.

Место прослава, по последниот промашен пенал на Ренџерс настана вистински хаос. Дел од навивачите на Селтик влегоа на теренот за да ја прослават победата, што предизвика реакција кај домашните поддржувачи, па стотици навивачи на Ренџерс исто така влетаа на тревникот.

Настана голема турканица, летаа предмети, пиротехнички средства, а дел од навивачите се приближија до фудбалерите и стручниот штаб. Полицијата и стјуардите мораа да интервенираат и да создадат кордон за да ги разделат двете групи. Шкотската фудбалска асоцијација веднаш го осуди однесувањето и најави итна истрага, што може да резултира со казни за двата клуба.

Се вчитува...