Хаос во Хонг Конг: Меси остана на клупата, „Вратете ги парите“ до Бекам

Интер Мајами ја продолжи турнејата по Далечниот Исток со ревијален натпревар против олстар тимот на лигата на Хонг Конг, но навивачите на стадионот не го криеја незадоволството откако американскиот клуб настапи без Лео Меси во тимот.

Фановите платија огромни суми за да присуствуваат на овој спектакл, остана разочарани кога Меси не беше стартер за Интер Мајами, а на крајот збеснаа откако аргентинскиот генијалец воопшто не влезе во игра.

Дејвид Бекам по мечот се обрати пред навивачите заблагодарувајќи се за дочекот, но првиот човек на Интер Мајами беше „поздравен“ со гласни свирежи од 40.000 фанови кои не го криеја разочарувањето што не можеа да го видат Меси на дело.

„Вратете ги парите“, почна да ечи од трибините, по што Бекам го скрати говорот и фудбалерите се повлекоа кон соблекувалните, а домашните фанови продолжија со свирежите.

Се вчитува...