Никогаш понеизвесна битка за шампионската титула во Хрватска во денешното последно коло од првенството. За трофејот се борат Ријека, Динамо Загреб и Хајдук, па сосема очекувано е што низ цела Хрватска владее тензија и нервоза.
Ријека, Загреб, Шибеник – ова се рутите по кои може да пристигне трофејот. Ситуацијата веќе ескалираше во Шибеник каде дојде до судир меѓу навивачите на Шибеник и сплитски Хајдук, кој гостува во денешното последно коло.
„Поради учество во тепачка и напад на службено лице, приведени се 19 лица, кривичната истрага е во тек“ – објави хрватската полиција.
„Околу 15:20 часот на улицата „Бана Иван Мажураниќ“ во Шибеник, брзата реакција на полициските службеници спречи судир меѓу мала група гостински и локални навивачи, во кој еден полицаец беше повреден. Постапката е во тек, како и квалификацијата на повредата“ – се вели во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

