Хаос во Истанбул: Жена во дрес на Фенербахче се најде меѓу навивачи на Галата, па доби шише во глава (ВИДЕО)

Денеска се игра големото турско дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче. Секогаш ова дерби изобилува со вжештени глави, а тоа го покажува и оваа снимка која се појави на социјалните мрежи.

Женско облечено во Фенербахче дрес се најде во толпа на навивачи на Галатасарај. И покрај присуството на полицијата, сепак, успеа некој да ја удри со шише по глава. Уште еднаш се покажа дека ривалството меѓу овие два тима не познава граници, па ниту кога е полот во прашање.

Се вчитува...