Во последниот натпревар од 29. коло на италијанската Серија А, Фиорентина ја совлада Аталанта во Бергамо со резултат 3:2.
Головите за „виола“ ги постигнаа Андреа Белоти на двапати и Николас Гонзалес. Стрелци за домашната екипа беа Адемола Лукман и Џорџо Скалвини.
Иако победија, фудбалерите на Фиорентина по мечот се соочија со незадоволни навивачи поради неодамнешниот пораз во финалето на Конференциската лига против Олимпијакос. Тие ги „построија“ фудбалерите и им држеа лекција.
Сезоната тимот на Фиорентина ја заврши на осмото место и ќе игра во Лигата на Конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА