Хаос во Израел: Судија поништи гол во 117. минута…, го спречуваа да погледа ВАР-снимка, го прскаа со вода, го влечеа… (ВИДЕО)

Макаби Тел Авив во драматично финале на израелскиот куп славеше против градскиот ривал Хапоел со 2-1 по продолженија.

Хапоел водеше од 31. минута со голот на Алтман, а продолжение на фаворитот Макаби му овозможи Коен во 73. минута. До пресврт Макаби дојде со голот на Хернандез во 96. минута, но вистински хаос на мечот настана во 117. минута.

Ајзен постигна гол за 2-2 на воодушевување на навивачите на Хапоел. Но додека траеше нивното славје, судијата сигнализираше дека ќе ја провери снимката поради наводен прекршок на почетокот од акцијата.

Кога видоа дека судијата оди кон мониторот, играчите на Хапоел целосно изгубија нерви, го прскаа со вода го спречуваа да оди да ја погледне снимката. По неколку минути дозволија судијата да ја погледне снимката, по што судијата го поништи голот поради високо подигната нога на играчот на Хапоел.

Кога судијата сигнализираше дека голот е пониште повторно хаос на теренот, играчите почнаа и да го влечат судијата, па дел од нив добија и црвени картони.

За Макаби ова беше 24-ти трофеј во Купот, а Хапоел веќе девет години чека било каков трофеј.

Се вчитува...