Хаос во Јапонија – Германците напуштија терен поради расизам: Истото ќе го направиме и на ОИ

Расизмот зема се поголем замав на спортските терени, а германската олимписка фудбалска репрезентација одлучи да му се спротивстави – напуштајќи го теренот на денешниот пријателски меч во Хондурас.

Натпреварот се играше во Јапонија како загревање на двете селекции во пресрет на почетокот од ОИ, предвидени беа три периоди од по 30 минути, но германските репрезентативци предвреме го завршија мечот на пет минути пред предвидениот крај, поради навредите што еден играч на Хондурас ги упатил кон Џордан Торунарига.

Воедно, од германскиот табор јасно ставија до знаење дека оваа пракса ќе ја продолжат доколку дојде до сличен инцидент и за време на Олимписките Игри во Токио.

„Еден од нашите фудбалери беше навредуван по расна основа, што е недозволиво. Продолжување на натпреварот не беше опција ниту денеска, ниту пак ќе биде на ОИ, доколку се повтори ваква случка“, изјави селекторот на Германија, Штефан Курц.

Се вчитува...