Хаос во Кина поради Роналдо – тој порача: „Не бидете тажни бидејќи и јас сум тажен“ (ВИДЕО)

Ал Наср поради повреда на Кристијано Роналдо мораше да ја откаже турнејата во Кина каде овој клуб од Саудиска Арабија требаше да одигра два пријателски натпревари.

Веста за повредата на Португалецот не ја примија добро кинеските навивачи кои насилно влегоа во хотелот во кој престојуваат Ал Наср и Кристијано Роналдо.

Бесни поради откажаните натпревари направија неред пред обезбедувањето да може да се справи со нив.

По целата ситуација се огласи и Кристијано Роналдо кој им порача на навивачите да не бидат тажни поради одложените натпревари.

„Ја сакам оваа држава. Обожавам кога сум тука со сите вас. Сакам да играм пред вас затоа не бидете тажни бидејќи и јас сум тажен“, изјави Роналдо.

Се вчитува...