Вистински хаос во Колумбија. За време на општа тепачка со употреба на ножеви и друго ладно оружје на стадионот во Медељин сериозно повредени се 20 навивачи и еден полицаец.
На почетокот од второто полувреме на дуелот меѓу Атлетико Национал и Јуниор Баранкиља, избија сериозни нереди на трибината каде се сместени најголемите хулигани.
Градоначалникот Федерико Гутиерес ги нарече навивачите „криминалци“ оценувајќи дека „недостасува многу култура за да може да го искусиме фудбалот во мир“.
Судијата го прекинамечот а полицијата го евакуираше целиот стадион.
Como comenzaron // Como terminaron pic.twitter.com/LCRmJmlNLX
— Atletico Nacional de Colombia (@ATLNACIONALCOL_) September 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА