Хаос во Косово: Голман крвнички претепан од домашните навивачи (ВИДЕО)

Во рамките на 27. коло од косовското првенство се сретнаа Гњилане и Балкан од Сува Река, а на мечот дојде до неверојатен инцидент. Тоа беше дуел на екипи што се наоѓаат на првата и третата позиција, но заврши со тотално лудило.

Гостите поведоа по 60 секунди игра и резултатот не се смени до петтата минута од судиското продолжение.

Тогаш Енеа Количи постигна гол за израмнување по што домашните навивачи влетаа на терен и брутално го нападнаа гостинските голман Стиви Фрашери кого го удираа по главата со нозе додека лежеше на под. Фрашери беше однесен в болница, а натпреварот не е продолжен.

 

 

Се вчитува...