Хаос во ЛШ за жени: Ја влечеше за коса, не доби картон!

Неверојатна случка го одбележа дуелот од Лигата на Шампиони за жени межу Челси и Арсенал, откако Кејти Мекејб од Арсенал мина неказнето поради влечење за коса на противничката фудблерка Алиса Томпсон.

Случката беше во финишот од мечот додека Челси се обидуваше да стигне до гол, Томпсон тргна моќно кон противничкиот гол и беше брутално повлечена од противничката.

Судијките не го санкционираа овој прекршок, не се вклучи ниту ВАР, а за трагедијата да биде поголема, црвен картон доби тренерот на Челси, Соња Бомпастор, поради протестите до арбитрите.

„За мене ова е црвен картон. Ја влече за коса додека нашата фудбалерка трча напред. Ако ВАР не се користи за вакви ситуации, тогаш не знам што ќе ни е ВАР во фудбалот. Трагично… јас сум таа што доби црвен картон затоа што им кажав дека противничката фудбалерка треба да биде исклучена“, изјави Бомпастор веднаш по натпреварот.

Се вчитува...