Хаос во Мадрид по мечот: Мурињо одби да дојде на прес-конференцијата, играчите не сакаа изјави

Драмата во Мадрид по натпреварот меѓу Реал Мадрид и Виљареал продолжува. Во редовите на кралскиот клуб повторно веруваат дека одлуките на судијата се против нив, а незадоволството дополнително ескалираше по директниот црвен картон за Винисиус Жуниор.

Бразилецот беше исклучен откако повлече противнички играч за коса, а натпреварот беше обележан и со бројни јавни опомени што ги добија играчите на Реал. Сепак, во Мадрид јасно веруваат дека одлуките на судијата биле премногу строги и дека патот на нивниот тим до титулата се отежнува на овој начин.

Посебно внимание привлече потегот на Жозе Мурињо, кој не се појави на прес-конференцијата по натпреварот.

Португалскиот стручњак накратко објави дека нема да дојде за да не ризикува суспензија пред следните натпревари против Севилја и Барселона.

Изјавата на Мурињо остави доволно простор за толкување. Се чини дека искусниот тренер имал многу да каже за судењето, но решил да молчи за да не се загрози дополнително себеси и тимот пред важните дуели што следат.

Интересно е и тоа што ниту еден играч на Реал, освен Аурелиен Чуамени, не сакаше да даде изјава по натпреварот.

Францускиот играч од средниот ред накратко го изрази своето незадоволство од одлуката на судијата да го исклучи Винисиус, сметајќи дека неговиот соиграч е неправедно казнет.

Ваквата реакција од таборот на Реал дополнително ја разгоре приказната за незадоволство од судењето во Мадрид.

Се вчитува...