Хаос во најава пред финалето во ЛК: Во Прага доаѓаат 25.000 навивачи без билети

Иако интересот е голем за финалниот натпревар во Лигата на Конференции, сепак, финалистите Вест Хем и Фиорентина ќе имаат само по 5.000 билети за натпреварот кој ќе се игра во Прага. Овие бројки не ги задоволуваат потребите, особено не на англискиот тим, па така има најава дека 25.000 навивачи без билети ќе се упатат кон главниот град на Чешка за да го следат натпреварот.

Стадионот во Прага има само 20.000 места. 10.000 се за навивачите. УЕФА подели пола стадион на своите вработени, пријателите на клубовите и спонзорите како што е обичај.

Европската куќа на фудбалот претрпе сериозни критики поради фактот што одлучи едно финале на европско натпреварување да се игра на толку мал стадион.

Властите во Чешка веќе побарале помош од ЕУ за организација на тој меч, а се очекува да пристигнат полицајци и од други земји. 10.000 полицајци ќе го обезбедуваат градот дента за финалето.

Се вчитува...