Хаос во НБА: Тепачка на мечот Хјустон – Феникс (ВИДЕО)

Ноќта зад нас во НБА беше одбележана со тепачка на мечот Хјустон-Феникс. Рокетс на домашен терен ги совлада Санс со 111:104, со што Феникс уште повеќе се оддалечи од плејофот (сега имаат скор 30-36, десеттопласираниот Далас е 33-34). Сепак, треба да се очекува дека по тргувањето со Лука Дончиќ, Далас најмногу ќе ги загуби натпреварите заради подобар пик на следниот драфт, а токму тоа се случи во вторникот вечерта кога Мавси беа поразени од Сан Антонио со 126:116.

Хјустон доминираше во текот на целиот натпревар, но најмногу се зборуваше за тепачката помеѓу центарот на Рокетс, Стивен Адамс и центарот на Санс, Мејсон Пламли. Прво вербално се судрија под кошот, почнаа туркањето и кошкањето, а потоа Пламли му го „пикна“ лактот под брадата на Адамс, поради што двајцата паднаа на подот „во клинч“.

Веднаш влегоа соиграчите и судиите кои ги растргнаа двајцата играчи и брзо ја смирија ситуацијата.

Се вчитува...