Навивачите на холандскиот клуб Феенорд добија забрана за гостување во Неапол од страна на градските власти, поради тоа што го направија во 2015 година околу 200 километри посеверно, кога се судрија со полицијата во Рим. Тогаш имаше огромен број уапсени фанови, а 50 од нив беа протерани од Италија.
Но, и покрај забраната, холандските фанови повторно дојдоа во Неапол и се однесуваат во согласност со своето реноме, правејќи немири и судрувајќи се со полицијата. И повторно има и повредени и приведени.
Според информациите од Италија, има десетици повредени по жестокиот судир во центарот на Неапол, а тројца фанови на Феенорд засега се приведени.
Наполи го пречекува Феенорд вечерва од 20.45 часот, во рамките на второто коло од групата Ф во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА