Хаос во Олимпик Марсеј: Де Зерби одбил да води тренинг, фудбалерите бесни на тренерот

Роберто де Зерби минатото лето од неколкуте понуди ја избра онаа на Олимпик Марсеј, почетокот на авантурата беше ветувачки, но како што одминува времето, така се зголемуваат и главоболките на овој стручњак.

Тимот влезе во серија слаби резултати, а Де Зерби реши вината да ја насочи кон екипата, па така по последниот пораз за казна го врати автобусот во клупската база и сите играчи наместо во своите домови, спиеја во карантин. Нивниот однос го допре дното веќе наредниот ден, кога Италијанецот пристигнал во базата и им соопштил дека воопшто не сака да води тренинг со нив.

Играчите не му останале должни, порачувајќи му дека и тие не сакаат да тренираат за него и неговиот стручен штаб, по што морал да реагира спортскиот директор Бенатија. Кризата била намалена само на момент, односите меѓу тренерот и играчите се уште се крајно негативни, а француските медиуми најавуваат дека Де Зерби никогаш не бил поблиску до отказ.

Тој беше бесен и на медиумите, денеска обвинувајќи ги новинарите дека „го претставуваат само него како лошиот во ситуацијата“. Едно е јасно, ако Олимпик наскоро не влезе во победничка серија, Де Зерби нема да го дочека крајот на оваа сезона во Марсеј.

Се вчитува...