Хаос во Подгорица: Хрватските навивачи пееја „Убиј го Србинот“

Хрватските навивачи приредија скандалозни сцени на гостувањето кај Црна Гора во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

За време на натпреварот помеѓу Црна Гора и Хрватска, гостинските навивачи скандираа: „Убиј го Србинот“. Околу 550 навивачи кои пристигнаа во Подгорица потоа пееја и: „Кој не скока тој е православен“.

Црногорските навивачи со свирежи ги испратија овие скандирања на гостинските навивачи.

Се вчитува...