Хаос во репрезентацијата на БИХ: Кодро по само два меча доби отказ од селекторската функција

Мехо Кодро не е повеќе селектор на БИХ, јавуваат медиумите во оваа земја. Конечната одлука наводно ја донел Комитетот за итност во фудбалската федерација. Така Кодро го заврши својот мандат во репрезентацијата по само два меча.

Кодро забележа една победа над Лихтенштајн од 2-1, и еден пораз во Исланд. Веднаш по тој пораз почнаа шпекулациите за негова смена, откако пред неколку месеци го замени Фарук Хаџибегиќ, кој доби отказ по домашниот пораз од Луксембург.

Се споменува дека наследникот ќе биде Вахид Халилхоџиќ, кој кажа дека ќе има средба со првиот човек на фудбалот во БИХ.

„Се даваат лажни ветувања. Сите знаат дека репрезентацијата е во тешка ситуација, резултатите и игрите не дваат перспектива и оптимизам, а само се менуваат селектори и се смета дека ќе се постигне нешто голема. Играчите остануваат исти, но се поставува прашаето која е вредноста на екипите. Сите кажуваат дека има талент, па кој тогаш ги спречува да имаат добри резултати? Се зборуваше дека после Португалија нашата репрезентација има најдобар квалитет во групата, а резултатите се далеку од тоа. Со смена на селектори не се прави ништо, треба да се најде тренер и соработници кои ќе добијат поддршка“, рече Халилхоџиќ.

Се вчитува...