Хаос во репрезентацијата на Израел: Еран Зехави суспендиран, ја фрлил капитенската лента

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Како торнадо да мина низ Хаифа. Македонија го победи Израел со 0-1, со голот на Горан Пандев во 73.минута, а тоа предизвика многу нервоза и проблеми во домашната селекција. Најновите вести се дека капитенот Еран Захави е суспендиран, откако ја фрлил капитенската лента, нервозен поради поразот.

„Фудбалската федерација на Израел на пријава од селекторот Елиша Леви му изрекува суспензија на Еран Зехави поради неговото непрофесионално однесување по завршувањето на мечот со Македонија. Тој се однесувал крајно неспортски, ја фрлил капитенската лента и за тоа ќе мора да ги сноси последиците. Еден капитен на национален тим мора да знае да се однесува достојно во сите ситуации, затоа што е избран од мнозинството и добил чест да ја носи капитенската лента. Очекуваме Еран Зехави да сфати дека погрешил и јавно да се извини за своите постапки“, се вели во соопштението од Фудбалската федерација на Израел.

Се вчитува...