Хаос во репрезентацијата на Словенија: „Додека е Кек селектор, јас не доаѓам“

Поранешниот играч на Фенербахче и сегашен фудбалер на Динамо Загреб, Миха Зајц, повеќе не сака да игра за репрезентацијата на Словенија.

Миха Зајц не беше дел од словенечката репрезентација што играше на Европското првенство во 2024 година.

Кога сфатил дека селекторот Матјаж Кек планира да го исфрли од списокот, објавил официјално соопштение во кое рекол дека е длабоко разочаран.

Во интервју за словенечка „Ногоманија“, играчот рече дека после тоа добивал повици од Кек, но дека не сака повеќе да игра за националниот тим.

„Кога ме  исфрли од списокот за ЕП 2024 година, кажав се за таа ситуација. Сезоната која беше претходно одиграв 30 натпревар, од кои на 21 бев стартер и играв во 1/4 финалето во Лигата на Европа. Тешко ми е да ја прифатам причината дека не сум дел од националниот тим поради лошата форма или недостаток на минутажа во клубот. Ако играш за Фенербахче, си играл на најголем број мечеви, и после толку години минати во репрезентацијата, заслужуваш да бидеш на Европско првенство. Играњето за Словенија е голема работа, и не е тајна дека јас и селекторот имавме различни гледишта на фудбалот, и дека нашиот однос не е најдобар. Тој неодамна ми се јави и ме праша дали че се вратам, му реков дека не е вистинско време и дека не е знам како би можел да помогнам. Словенија може да игра подобро, но луѓето мора да бидат отворени за нови идеи. Тоа зависи од оние кои ги прават промените. Јас ја поддржувам мојата репрезентација, но ќе се вратам само ако има волја за промена во системот и желбата. Не сум ја затворил вратата засекогаш, но во моментов не се гледам себе си како дел од националниот тим“, изјави Зајц.

Се вчитува...