Двајца навивачи на Брајтон, на возраст од 28 и 29 години, биле ограбени и избодени со нож на улиците на Рим во средата навечер. Тие пристигнаа во главниот град на Италија на првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа помеѓу Рома и Брајтон.
Според пишувањата на италијанските медиуми, двајца англиски навивачи биле нападнати од мала група локални жители и со употреба на сила и ладно оружје ги ограбиле и повредиле. Засега не е познато дали навивачите на Рома се одговорни за нападот.
Вработените во блискиот ресторан ја алармирале полицијата кога повредените Англичани со убодни рани, вознемирени и исплашени налетале во нивниот објект. Во полиција рекле дека шест-седум млади момчиња ги нападнале, дека ги ограбиле и ги повредиле со неколку убоди. За среќа, повредите не се опасни по живот, но и двајцата се хоспитализирани.
Едниот бил примен во болница со три убодни рани на левата надколеница, додека вториот навивач на Брајтон завршил во друга болница каде му биле констатирани две убодни рани на десната бутина. Полицијата трага по напаѓачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА