Очајна серија на Сампдорија која врза четири порази во Серија А. Со вчерашниот пораз од Лече останаа на претпоследното место на табелата, па сето тоа донесе вистински хаос по натпреварот во Џенова.
Крајно револтираните навивачи го блокираа излезот на стадионот, па интервенираше полицијата за да ги извлечат фудбалерите и стручниот штаб.
Веќе е се појасно и дека српската легенда Дејан Станковиќ по само еден месец откако дојде во Џенова е пред отказ. Беше најавен како спасител на тимот но лошите резултати ја прелија чашата. Иако го наследи составот со кој располага, а кој очигледно погрешно беше селектиран изминатово лето, Станковиќ според најавите од Италија скапо ќе го плати тоа што не успеа да ја извлече екипата од резултатската криза и во седумте меча под негова палка успеа да го победи Кремонезе, ремизираше со Болоња, а запиша пет порази без даден гол од Рома, Интер, Фиорентина, Торино и вчера од Лече.
Сампдорија сака на клупата да го донесе искусниот Клаудио Раниери, кој претходно го одби калчолигашот од Џенова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА