Хаос во Саудиска Арабија: Изнервираниот Роналдо шутна топка на трибина, се караше со судијата…

Синоќа во 21. коло од Саудиската Про лига, Ал-Етифак славеше против Ал-Наср на Роналдо со резултат 3:2. Со тоа, се чини заврши сонот на Ал-Наср за освојување на титулата. 

Во првото полувреме немаше голови, но второто полувреме изобилуваше со експлозивен фудбал.

Ал-Наср поведе преку голот на Јахја, но поранешниот играч на Ливерпул Вајналдум израмни. После тоа, Ал-Наср уште еднаш поведе со 2:1 со голот на Ал Фатил, потоа истиот играч постигна автогол за израмнување, а точка на резултатот на овој меч стави Вајналдум со уште еден гол, а беше 3:2 за Ал-Етифак.

Но, шоуто го одзеде реакцијата на Кристијано Роналдо кон самиот крај на натпреварот. Имено, неговиот соиграч Џон Дуран, кој неодамна пристигна од Астон Вила, доби црвен картон во 92. минута од натпреварот.

Причината за црвениот картон беше бизарна, но потоа Роналдо изнервиран ја шутна топката кон трибината, а се расправаше со судијата. 

Се вчитува...